Психотерапевтот и препорачал на мајката на Коста К. да ја однесе ќерката на патување

Мајката и сестрата на Коста К. момчето од ОУ „Владислав Рибникар“, кое уби деветмина негови другари и училишниот чувар, а повреди шест лица, вчера попладне се обиделе да ја напуштат Србија за да одат на неколкудневен одмор, пренесе српски Курир.

Имено, жената се обидела да ја напушти државата преку граничниот премин Прохор Пчињски и таму била спречена. Сепак, заминувањето од земјата претходно го пријавила во Центарот за социјална работа.

-Поради препорака на терапевтот кој разговарал со сестрата на момчето, нивната мајка решила да ја однесе на пат, за да се обиде да и олесни – вели извор на Курир од истрагата.

Според него, жената е на одмор до понатамошно известување, а најпрвин не сакала да ја напушти државата поради ситуацијата во која се наоѓа нејзиното семејство, но на овој чекор се одлучила поради ќерката.

– Против мајката е во тек преткривична постапка и се испитува дали е одговорна за запуштање и малтретирање на малолетно дете, но не и е забрането да ја напушта државата, ниту и е одземен пасошот – вели нашиот извор.

Како што пренесе Курир, таа била предупредена дека мора да биде достапна на судските органи, но не и било забрането да ја напушта државата.

 

За потсетување, на семејството на момчето му е блокиран имотот кој не може да го продаде ниту да го стави под хипотека.

– Бидејќи мајката на момчето не одговара кривично за делото што го сторил нејзиниот син, повредените родители преку своите адвокати решиле против неа да поднесат граѓанска постапка во вид на нематеријална штета, за душевна болка и смрт на дете, а еден од обвинетите навел во својот предлог и дека мајката одговара за штетата што нејзиниот син им ја направил на тие лица и дека тој е одговорниот за него. Затоа, во барањето се бара и привремена мерка конфискација на имот во нејзина сопственост – вели изворот на Курир и објаснува дека мајката на момчето може да го користи нејзиниот имот, но не може да го продаде или да подигне хипотека се додека е на оваа привремена мерка стапува на сила.

Back to top button
Close