Путин не оди во Турција, Лавров и Ушаков ќе ја претставуваат Русија
Висок поранешен функционер на Кремљ, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на темата, изјави дека Русија на претстојните преговори во Истанбул ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот за надворешна политика на претседателот, Јуриј Ушаков, објави весникот „Вашингтон пост“.
Тоа ќе бидат првите директни разговори меѓу Русија и Украина од 2022 година, кои ги започна рускиот претседател Владимир Путин како одговор на зголемените барања на Западот Русија да се согласи на 30-дневен прекин на огнот како чекор кон потрајниот мир.
Од американска страна, се очекува да присуствуваат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог, што е прв знак за одреден напредок по неделите во кои преговорите се чинеше дека се во застој, истакнува весникот.
Експертите се сомневаат дека ќе биде постигнат било какво поместување од ставовите за време на преговорите кои треба да се одржат утре на 15 мај. Песимизмот оди до таа мера што некои од нив се сомневаат дека воопшто тој состанок ќе се одржи, затоа што украинскиот претседател Володомир Зеленски се согласи само на средба со рускиот лидер Владимир Путин, додека во моментов од Москва нема сигнали дека тој ќе ја предводи делегацијата, а во меѓувреме Русија не го признава Зеленски за легитимен претседател со оглед дека неговиот мандат е истечен.