Работник починал по пад од бандера во Елшани

Н.К (48) од охридското село Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија, вчера починал откако паднал од бандера при извршување работни задачи во село Елшани.
Случајот е пријавен вчера во СВР Охрид во 14.40 часот.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.






