Рацете ви се крвави до лакти“: Горица Додик испрати порака до САД откако и беа воведени санкции


Горица Додик, ќерката на Милорад Додик, се огласи на социјалната мрежа Х откако САД објавија дека е ставена на нивната „црна листа“.

„Ви благодарам многу, нема поголема привилегија овие денови од тоа да се биде на вашата црна листа. Ова е доказ дека ние не сме агресори и криминалци како тебе. Рацете ви се крвави до лактите, кој и да ве поддржува е соучесник во вашите монструозни злосторства ширум светот“, напиша таа означувајќи го соопштението на американската амбасада во Босна и Херцеговина објавено на мрежата Икс.

Таа, исто така, ги обвини САД дека „водат корупција низ целиот свет, преку разни компании“, и дека секој што не ги почитува се „криминалци“.
Поздравете го вашиот претседател (Џозеф Бајден) педофил, неговиот син зависник од дрога и другите бројни роднини“, напиша Горица Додик.

Нејзиниот брат Игор Додик се уште не се изјаснил за одлуката на САД да му воведат санкции.

„Игор Додик и Горица Додик се клучен дел од мрежата за поддршка на Додик и овозможуваат негова корупција. Земаа јавни средства на Република Српска и на граѓаните за сопствено богатење“, соопшти американската амбасада во Сараево откако беше објавено дека се ставени на американската „црна листа“.

Се додава дека поддржале и „дестабилизирачки политики, акции и реторика, кои го оспоруваат и поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина, вклучително и нападите врз Дејтонскиот мировен договор и Уставот на Босна и Херцеговина“.

Ресторанот „Агапе“ во сопственост на Горица и Ивана Додик, сопругата на Игор Додик, фирмата „Агровоќе“, која е поврзана со Горица Додик, фирмата „Фрут Еко“ која е поврзана со Игор, е ставена на американската „цну листа“. „Додик, како и компанијата „Глобал Либерти“, кои се поврзани со Игор и Горица Додик.

Back to top button
Close