(Видео) Радев: Ја победивме апатијата, но недовербата во бугарската политика е се уште голема

Лидерот на Прогресивна Бугарија, Румен Радев, даде изјава по победата на изборите, заблагодарувајќи им се на гласачите и изнесувајќи ги главните пораки на партијата.
-Прво на сите, сакам да им се заблагодарам на секој бугарски граѓанин кој денес ја поддржа Прогресивна Бугарија – рече Радев.
Тој, исто така, изрази благодарност до луѓето кои гласаа „според совеста, без разлика за кого“, како и до бугарските граѓани во странство кои чекаа со часови пред гласачките места.
Радев им се заблагодари и на членовите на изборните комисии и на службите што го организираа гласањето, како и на Министерството за внатрешни работи за нивните напори против „срамниот феномен на купени гласови за Бугарија“.
Според него, формацијата постигнала мобилизација на гласачите.
-Гласавме активно. Ја победивме апатијата, но недовербата во бугарската политика е сè уште голема и имаме многу работа пред нас – истакна тој.
Радев го опиша резултатот како прв чекор кон „враќање на довербата и општествениот договор “.
-Прогресивната Бугарија недвосмислено победува. Ова е победа на надежта над недовербата. Ова е победа на слободата над стравот – рече тој.
Според него, граѓаните ги отфрлиле самодоволноста и ароганцијата на старите партии и не подлегнале на, како што вели, манипулации и лаги.
Радев упати благодарност до гласачите, истакнувајќи ја нивната одговорност и ангажираност. Посебно им се заблагодари на бугарските граѓани во странство, кои додаде дека со часови чекале во редици за да гласаат, како и на членовите на избирачките комисии и институциите.
„Сакам да му се заблагодарам на секој бугарски граѓанин што денес ја поддржа ‘Прогресивна Бугарија‘. Сакам најискрено да им се заблагодарам на сите граѓани што денеска ја сфатија својата одговорност и гласаа совесно. Благодарност и до сите наши сонародници во странство кои чекаа со часови во редици и покажаа дека се грижат за Бугарија. Секако, благодарност и до луѓето од комисиите и службите и особено до органите на Министерството за внатрешни работи, кои вложија огромни напори против купениот глас“,
Како одговор на прашањата за можно парламентарно мнозинство и над 120 пратеници, рече:
„Ќе одговорам на овие прашања по конечните резултати“.






