Рама од Брисел: Интеграцијата во ЕУ- процес на демократско зајакнување на државата

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Брисел изјави дека „процесот на интеграција во Европската Унија е всушност процес на демократско зајакнување на државата, и затоа мора да си ја завршиме домашната задача за себе“, објави АТА.

-Тие што треба да станат членки, не може да избираат што да прават, тоа се вика преговарање, тоа е повеќе домашна задача. Мора да го направиме она што тие од нас го бараат. Но, ние мора да го направиме ова за себе. Овој процес е процес на демократско јакнење на државата и секој кој е во средината на Европа, но без да биде дел од ЕУ, му ја нуди оваа важна алатка, изјавил Рама, објавија албанските медиуми.

Рама на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот економско-социјален комитет, Оливер Ропке во Брисел, зборувал и за предизвиците за интеграцијата на земјата во ЕУ.

-Едно е она што треба да го направиме за она што се очекува од нас, што е предвидливо, а другиот предизвик е она што е непредвидливо. Затоа, предизвикот е да ги знаеме овие две работи, но тие се спојуваат во одредени моменти кога сме подготвени да ја завршиме домашната задача. Но, се случува да бидеме подготвени, а следниот кат да не е подготвен. Има драматична промена, постои тенденција на ЕУ да слуша, ова откако Владимир Путин го направи тоа што го направи, и таа требаше да се разбуди, рекол Рама.

Се задржал и на формирањето Заеднички консултативен комитет со цел зајакнување на соработката со ЕУ и интеграција во Унијата, оценувајќи дека е „многу охрабрувачки и навистина носи многу нова енергија, тоа што имаме можност да ја финализираме процедурата за создавање на Заеднички консултативен комитет“.

-Ова е доказ не само за нашата посветеност, туку и за цврстото верување дека процесот на интеграција во ЕУ не е само прашање што и припаѓа на владата, туку им припаѓа на сите граѓани, вклучително и вклученоста на граѓанското општество, додаде тој.

Од своја страна Ропке изјавил дека методологијата за членство на земјите од Западен Балкан во Европската Унија треба да биде постепена и дека е „дојдено време да се создаде Заеднички консултативен комитет, тело кое не само што ќе следи, туку и ќе дава совети заедно со институциите во Владата за членството на земјите на Западен Балкан“.

На заедничката прес-конференција додал дека правната основа за овој чекор е подготвена.

-Од наша страна, ние сме подготвени. Имаме законска основа, членовите мора да бидат именувани транспарентно и сеопфатно, па потоа да продолжиме. Јас сум на мислење дека веднаш треба да почнеме со овој чекор, изјавил тој.

Порачал дека „аспираците на албанските граѓани не може да бидат разочарани“.

Back to top button
Close