Рашковски од Мексико: Да ги оставиме институциите да си ја вршат работата

„Единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите. Така да треба да ги оставиме институциите да си ја вршат работата“ Ова за Сител го изјави преку писмена изјава од Мексико, Драги Рашковски за кој попладнево Обвинителство отвори предмет по допрен глас за набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“, направено во времето кога тој беше генерален секретар на Влкадата.

– Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на  софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од ОЈО.

Од Обвинителството, посочуваат дека во меѓувреме, откако се издадени наредбите, Министерството за внатрешни работи до обвинителството доставило известување во врска со нивното постапување во случајот.​

Рашковски деновиве е во фокусот на јавноста по избувнувањето на аферата во која генералниот секретаријат на Владата купил неговиот софтвер, ама со народни пари, што требало да го користи МВР. Меѓутоа, набавката веќе осум месеци стои неискористена бидејќи МВР „ниту знаело за набавката ниту планира да ја користи“.

Back to top button
Close