Распад на Зверев и сигурен триумф на Синер на Мастерсот во Рим

Вториот носител на Мастерсот 1000 во Рим Германецот Александер Зверев е елиминиран откако загуби добиен меч во осминафиналето со домашниот тенисер Лучано Дардери со 2-1 во сетови (1:6; 7:6 (12:10) и 6:0). Во вториот сет Зверев пропушт четири меч топки.

Првиот сет фавориот го доби со 6:1 во гемови, а во вториот имаше преднист од брејк, а потоа и меч топки, кои не ги искористи. Тај брејкот Дардери го доби со 12:10 на поени, а во решавачкиот сет Зверев не освои ниту еден гем.

Во следниот меч Дардери ќе игра со младиот шпански тенисер Рафаел Ходар, кој со 2-0 во сетови го совлада Леонардо Тиен.

За разлика од Зверев, првиот носител Јаник Синер без поголеми проблеми во осминафиналето со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3) го надигра сонародниот Андреа Пелегрино и ја постигна 31.та победа во низа на Мастерс 1000 турнирите со што го изедначи рекордот на Новак Ѓоковиќ. Во следната рунда ривал ќе му биде победникот од мечот Андреј Рубљев и Николоз Басилашвили.

Back to top button
Close