Расте бројот на ковид позитивни – аларм од матичните лекари

Висока температура, малаксаност и силни главоболки се најчестите симптоми кај пациентите кои се ковид позитивни и чиј број секојдневно се зголемува. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Кавадарци е град со највисока ковид инциденца во Македонија. Триесет и пет од новозаболените во градот во август се реинфекции. Најголем број од новите случаи се луѓе над 60 години, пренесе Телма.

За матичните лекари е загрижувачки што поголемиот број, речиси, и да не се тестираат, па така и не може со сигурност да се каже која е точната бројка. И во Скопје има голем број на пациенти позитивни на ковид, тестирани со брзи тестови, велат матичните лекари.

„Од минатата недела, од 6 септември започна постепено зголемување на бројот на Ковид позитивни, но оваа недела имаме голем број на ковид позитивни инфекции и останати респираторни инфекции и амбулантите се преплавени со пациенти со таква симптоматологија“, изјави д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ-СМ.

Повеќе

Back to top button
Close