Разговор на „Призма“ со Билјана Ивановска: Тие што имаат сертификат од странство да полагаат во државата
Разговор со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
Веќе две недели, откако беше именуван за директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски е главна тема во јавноста. Изборот на премиерот Христијан Мицкоски оваа институција да ја води 41-годишниот разузнавач е спорен поради неколку причини- неговата диплома за положен ТОЕФЛ од бугарското јазично студио Јулија, за кое нема информации дека издава сертификати, како и партиското членство во ВМРО-ДПМНЕ каде што до лани беше претседател на градскиот комитет.
За да донесе одлука за професионалната иднина на Христовски, Мицкоски ја чека одлуката од ДКСК. Јавното обвинителство, пак, не отвори постапка оти ја чека антикорупциска да го направи тоа во „разумен рок“.
Додека таа раководеше со државната институција имале пријави за слични случаи. Нејзината препорака е сите кои на раководна позиција дошле со сертификат стекнат во странство да преполагаат во државата.
Целиот разговор со поранешна претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска може да го прочитате тука