РАЗРЕШЕН СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ, 97 ПАТИ ВО НЕКОЛКУ ДЕНА СЕ СЛУШНАЛ ПО ТЕЛЕФОН СО ОБВИНЕТ БИЗНИСМЕН КОГО ГО ОСЛОБОДИЛ ОД ОБВИНЕНИЕ

Судскиот совет денеска на затворена седница за јавноста го разрешил судијата од кавадречкиот суд Лазар Нанев, за 97-те јавувања во неколку дена на странка (обвинет), во предмет што го судел лично тој, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Уште лани Вишиот јавен обвинител на Скопје Мустафа Хајрулахи го пријавил Нанев во Судскиот совет, обезбедувајќи доказ-листинг од јавувањата по телефон од страна на судијата Нанев.

За притисоци и недолично однесување него го пријавила и обвинителка од Кавадарци.

Додека трае жалбената постапка, во мирување се другите две претставки за разрешување на Нанев, бидејќи судија не може повеќе од еднаш да се разрешува. Едната е од претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, против која тој усно и на писмено изнел многу навреди, а другата е од адвокатка од Кавадарци која наводно Нанев вулгарно ја навредувал и ѝ се заканил пред семејството.

Дициплинските постапки за Нанев за телефонски повици кон обвинетиот Вачно Кузманов, сопственик и управител на фирмата „Анго Вест ДООЕЛ“, кого Нанев го ослободил и за навредувањето на Дамева, беа јавни. Денеска Нанев се премислил и пак по негово барање, седницата беше без новинари.

Претставката од адвокатката се води на затворени седници.

Back to top button
Close