Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Еролд Муслиу за неговото разрешување

Безобразно и некоректно е Еролд Муслиу да говори за професионализам и мерит систем. Човекот од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС, организирајќи хајки, напади и пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно агенцијата предводена од Еролд се пресметуваше со новинари, медиуми и личности кои го критикуваа криминалот на СДС и ДУИ.

Муслиу со такво портфолио може да се кандидира единствено за лидер на СДС наместо да рони солзи за неговото разрешување.

А за неговото работење доволно говори податокот дека додека Муслиу е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра. Во која НАТО земја сопруга на директор на служба добива 620.000 евра грант за работа која е дејност на службата на сопругот?

Тешка манипулација е неговата одбрана со етничката припадност и дека тоа е можната причина за смена. Тоа е завесата позади која тој ја крие неговата неспособност, злоупотреби и партиска пристрасност.

Back to top button
Close