ВМРО-ДПМНЕ за обраќањето на Заев: Граѓаните и малите фирми не видоа ништо од државната помош

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Парите наместо кај граѓаните, одат во џебот на Заев и Анѓушев.

Граѓаните не видоа ништо од таканаречените мерки. Илјадници се на минимална плата, а голем број и привремено останаа без работа.

Додека народот кубури, ИГМ Еленица на Заев доби помош од државата за исплата на плати, компанија која во 2018 година имала приходи од над 5 милиони евра.

Заеви кои врти милиони не сакаат да дадат дел од милионскиот колач за работниците, кои ги создале тие милиони, а земаат минимални плати.

На иста линија со Заев е и Кочо Анѓушев, чија фирма исто така доби државна помош за исплата на плата. Тоа е истиот оној Анѓушев кој доби 5 милиони евра од Грците за неговата ЕДС.

Заев ги фали мерките, само затоа што со нив се полни неговиот и џебот на Анѓушев.

Граѓаните и малите фирми не видоа ништо од државната помош. Парите завршија во СДСМ, а граѓаните останаа без поддршка. Економијата тоне и СДСМ не знае како да ја заживее.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.

Back to top button
Close