Речиси 25 отсто од луѓето во Германија имаат имигрантско потекло
Речиси секој четврти човек кој живее во Германија има имигрантско потекло – или родено во друга земја или директен потомок на луѓе родени во друга земја, објави германската Федерална статистичка служба, јави ДПА. Тоа е 20,2 милиони луѓе или 24,3 отсто од населението, соопшти службата.
Според нивна дефиниција за лице со имигрантско потекло, во оваа категорија спаѓаат луѓето кои емигрирале во Германија по 1950 година и нивните директни потомци, „втората генерација“.
Уделот на жителите со такво потекло е зголемен за 6,5 отсто или 1,2 милиони луѓе во споредба со минатата година.
Главна улога за ова зголемување на бројот имаше миграцијата на бегалците, главно поради војната во Украина. Така, уделот на имигрантите кои дошле во Германија во последно време – главно бегалци од Украина, Сирија и Авганистан – се зголемил за поголем процент (7,3 проценти) од оној на директните потомци на родителите родени во Германија, кој е зголемен за 4 проценти.