Републиканка во Конгресот предлага да се додаде портретот на Трамп на планината Рашмор

Ана Паулина Луна, републиканска претатвничка од Флорида, му предложи на американскиот Конгрес закон што ќе му наложи на секретарот за внатрешни работи да организира да се издлаби ликот на претседателот Доналд Трамп на Националниот споменик на планината Рашмор во Јужна Дакота.
Таа наведува дека законот има за цел да му оддаде почит на Трамп „за неговото трансформативно влијание врз Америка и историското значење на неговото лидерство“.
„Храброто лидерство на претседателот Трамп и непоколебливата посветеност на американската величина го зацементираа неговото место во историјата. Планината Рашмор, безвременски симбол на слободата и силата на нашата нација, заслужува да го одрази неговото огромно наследство – наследство што е дополнително зацементирано со силниот почеток на неговиот втор мандат“, рече Луна.
Според неа, Трамп засекогаш ќе остане запаметен „меѓу великаните како што се претседателите Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Абрахам Линколн и Теодор Рузвелт“.
„Официјално поднесов предлог-закон за креирање портрет на претседателот Трамп на планината Рашмор“, напиша таа на платформата X.

Back to top button
Close