Ридигер се подготвува за операција

Фудбалерот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер мака мачи со повреда на менискусот, поради што е ограничен на тренинзите.

Ситуацијата во која се наоѓа не е нималку наивна бидејќи, покрај болката што ја чувствува, не може да тренира целосно.

Оваа вест доаѓа по болната елиминација на Реал Мадрид од Лигата на шампионите, која ги откри сите недостатоци на мадридскиот тим.

Ридигер веќе подолго време чувствува болки во левото колено, но во последно време поради пеколното темпо со кое во просек играа натпревари на секои три дена, ситуацијата се влоши.

Дефанзивецот до сега не сакаше да размислува за операција бидејќи тоа би го оддалечило од терените неколку месеци, но како што се влошува ситуацијата е се поблиску до одлука да „легне под нож“, бидејќи повеќе не може да тренира и да игра нормално.

Планира да протурка уште еден месец до крајот на сезоната најдобро што може, а потоа да оди на операција.

Back to top button
Close