Ристовски: Не сакам да се тешиме со тоа дека сме херои

 Новиот капитен на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски, беше малку разочаран поради тоа што не се успеа во намерата да се освојат бодови на ЕВРО 2020.

– Сакам да носам уште радости на македонската јавност. Не сакам тешење дека сме херои. Жал ми е за квалитетот што го има оваа репрезентација, а не успеавме да освоиме бод. Ова се големи натпреварувања кои бараат континуитет. Јас не бев тука туристички. Дојдов со амбиции и цел да освоиме  бодови. Некои играчи мораат да разберат дека фудбалот се игра 90 минути. Сакам да се заблагодарам на Пандев, Тричковски и другите кои најавија повлекување. Горд сум на оваа генерација и на овој селектор. Направивме историски успех, а сега одиме напред. За иднина, Пандев треба да ни биде пример со своето залагање. Сепак на крајот сме среќни поради тоа што успеавме да избориме прво наше учество. Благодарност до нашите навивачи кои не бодреа во Букурешт и овде во Амстердам, изјави Ристовски.

Токму Ристовски најверојатно ќе биде наследник на Пандев, како носител на капитенската лента во националниот тим.

Back to top button
Close