Родители во Шпанија цели 4 години не им дозволувале да излегуваат од дома

Две 8-годишни близначки и едно 10-годишно момче од Овиесо, Шпанија цели 4 години биле заклучени во куќата. Родителите уште од пандемијата на коронавирусот во 2021 година не им дозволувале да излезат ниту во градината.

Ова го открил сосед кој забележал дека децата не одат на училиште и дека нешто не е во ред.

„Семејството дури и не било надвор во градината од декември 2021 година, освен таткото (53-годишен Германец) кој носеше залихи“, според сведоштвата на жителите.

Полицијата отишла да го провери домот на семејството  и открила во какви услови живееле родителите и нивните три деца.

„Децата беа во мизерна состојба“, изјавил полицаец за „Ел Мундо“. „Целосно отсечени од светот, кога ги изведовме во градината, видоа полжав и паничеа “, опиша тој.

Back to top button
Close