Русија, Белорусија, Иран и Мјанмар не се поканети на крунисувањето на британскиот крал

Британија не испратила покани за крунисувањето на кралот Чарлс Трети до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, изјави во вторникот британски извор.

На церемонијата се поканети шефови на држави и влади на земјите со кои Велика Британија има целосни дипломатски односи. Поканети се и претставници на британските територии и прекуокеанските територии.

Покани се испратени и до високи дипломати, но не и до шефовите на државите на Северна Кореја и Никарагва.

Војводата од Сасекс, британскиот принц Хари, ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс Трети, на 6 мај, соопшти денеска Бакингемската палата.

Неговата сопруга Меган нема да дојде во Велика Британија, туку ќе остане со децата во САД, пренесува Си-ен-ен.

На 6 мај принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс Трети

На поканата за крунисувањето на британската кралска двојка, која ќе се одржи на 6 мај во Вестминстерската опатија пред околу 2 000 гости, покрај кралот Чарлс Трети, неговата сопруга првпат официјално е наречена кралицата Камила.

Камила во моментов ја има титулата кралица сопруга на монархот, а извор близок до кралското семејство изјавил дека по крунисувањето сопругата на кралот Чарлс Трети ќе добие нова официјална титула.

Сопругата на кралот Чарлс Трети, на поканата за крунисувањето, првпат официјално се нарекува кралица Камила

Back to top button
Close