Русија ноќеска го изврши својот „најголем напад“ со 20 дронови

Русија ноќеска го изврши својот „најголем напад во последниве години“ врз Кропивницки, град во областа Кировохрад, објави регионалниот гувернер Андриј Рајкових.

Според полициските информации, најмалку 10 лица се повредени, меѓу кои и четири деца. Неколку жртви се хоспитализирани. Еден од повредените, кој е во критична состојба, се здобил со изгореници на 90 отсто од телото.

Рајкових изјави дека над 20 руски беспилотни летала биле испукани врз градот во текот на ноќта, погодувајќи куќи и станбени згради. Во нападот е оштетена и железничката инфраструктура, а службите за итна помош во моментов работат на местото на настанот.

Кропивницки, град со околу 220.000 жители, е административен центар на Кировоградската област во централна Украина.

Русија редовно извршува напади со дронови на различни градови во Украина од почетокот на инвазијата. Нападите со беспилотни летала зачестија во последниве месеци, при што Русија користеше меѓу 150 и 200 дронови за време на нападите.

Back to top button
Close