Русија потврди дека извршила масовен удар врз украинските енергетски објекти


Руските сили извршија масовен напад врз енергетските капацитети кои ја снабдуваат украинската воена индустрија, соопштија руските новински агенции, повикувајќи се на Министерството за одбрана во Москва.

Погодена е и аеродромската инфраструктура на украинската армија, додаваат од воениот оддел.

Претходно денеска, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Русија лансирала околу 120 проектили и 90 беспилотни летала во масовен „комбиниран“ воздушен напад врз енергетскиот сектор на Украина. Зеленски изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила повеќе од 140 воздушни цели минатата ноќ.

Back to top button
Close