Руска салата – „изненадување“ на менито на самитот на НАТО

Додека го чекаа доаѓањето на американскиот претседател Џо Бајден и другите светски лидери на самитот на НАТО во Мадрид во вторникот, меѓународните претставници и новинарите беа збунети кога видоа дека на менито во еден од рестораните има руска салата, пренесува Ројтерс.

Салатата од грашок, компири, моркови и мајонез често е незаменлива на менито на шпанските ресторани, но пред самитот на кој се очекува Русија да биде означена како безбедносна закана во новиот стратешки концепт на Алијансата, поради нејзината инвазија на Украина, руски салата беше вистински шок за сите присутни.

„Руска салата на самитот на НАТО? Малку сум изненаден од ваквиот избор на јадења“, изјави новинарот Ињаки Лопез за шпанскиот медиум „La Secta“.

Back to top button
Close