Руте: Доказите се „јасни“ за улогата на Русија во инцидентот со дронот во Лајпциг

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поздрави мерките што Германија планира да ги преземе по откривањето на експлозивниот дрон на аеродромот во Лајпциг.

„Доказите се јасни“, напиша Руте вечерва на Х.

Тој додаде дека НАТО е целосно солидарна со Германија по рускиот хибриден напад.

„Обидите на Русија да нè заплаши, да го поткопа нашето единство и нашата подготвеност да ја поддржиме Украина се залудни и нема да успеат. Нашата поддршка за Украина е непоколеблива, како и нашата цврста посветеност на колективната одбрана на НАТО“, нагласи Руте.

НАТО ќе продолжи да ја зајакнува својата способност да ги одвраќа и брани сите сојузници од каква било закана, вклучително и злонамерни акти како оние во Лајпциг и на други места на територијата на алијансата, рече Руте.

Тој соопшти дека денеска разговарал со канцеларот Фридрих Мерц за инцидентот со дронот и додаде дека утре ќе се консултира и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Back to top button
Close