САД ја повикаа Русија да дозволи создавање демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје

Од Белата куќа денеска изјавија дека Русија треба да прифати создавање демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје, во која се пука, а за што Русија и Украина се обвинуваат една со друга.

Џон Кирби, претставник на Советот за национална безбедност во Белата куќа, изјави синоќа дека администрацијата на Бајден поддржува инспекција на Меѓународната агенција за атомска енергија на Запорошката нуклеарна централа.

Според Кирби, контролираното гасење на работата на централата би била најбезбедната варијанта.

Русија ја презеде нуклеарната централа во март и оттогаш таа не под контрола на руската војска, но таа продолжува да биде управувана од украински техничари и специјалисти од украинската компанија „Енергоатом“.

 

 

Back to top button
Close