САД донираат дополнителни десет милиони долари во Централниот фонд за вонредни состојби на ОН

Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) соопшти дека доделува дополнителни десет милиони долари за Централниот фонд за вонредни состојби на ОН (ЦЕРФ), со што ќе се поддржи снабдувањето на животно важната помош низ целиот свет и ќе се помогне таа да стигне до најранливите и најодалечените популации.

-ЦЕРФ игра критична улога во давање одговор на потребите на најранливите во светот со финансии во висона од 643 милиони долари, а само оваа година асистирал на агенциите и партнерите на ОН за обезбедување животно важна помош за милиони луѓе во 40 земји, јавија синоќа од Стејт департментот,

Оттаму укажаа дека годинава ЦЕРФ дистрибуирал пари да се одговори на кризите предизвикани од конфликти и природни катастрофи во Бангладеш, Буркина Фасо, Судан, Хаити и Сирија, кои се само дел од земјите каде ОН испраќаат хуманитарна помош.

-Светот се соочува со историски потреби од ваква помош, во заднина на сѐ попродолжителните конфликти и ескалирачката климатска криза. Според ОН, потребите за хуманитарна помош во светот стануваат рекордни од година во година.

Од УСАИД укажаа дека се горди да го поддржат ЦЕРФ, како дел од глобалните напори на САД да се одговори на овие досега невидени потреби. САД ги повикаа другите земји да се придружат и учествуваат во оие колективни хуманитарни напори за спасување на живото и намлување на страдањето насекаде низ светот.

Back to top button
Close