САД ќе испорачаат хеликоптери на Украина, наместо во Авганистан

Хеликоптерите „Ми-17“, што претходно беше планирано да ги добие Авганистан, ќе бидат испорачани на Украина, како дел од новиот пакет воена помош, јавија синиќа од Пентагон.

-Тие хеликоптери требаше да ги добие Авганистан. Тие се од нашите резерви и сега ги испраќаме на Украина, изјави синоќа портпаролот Џон Кирби. Додаде дека САД неодамна на Украина веќе испорачале пет „Ми-17“.

-Ова не е првпат да им испраќаме хеликоптери „Ми-17“, изјави Кирби.

Тој прецизираше дека станува збор за транспорт во Украина на хеликоптери „Ми-17“ извршен од американската воена авијација.

Претседатеот Џо Бајден претходно во разговор со неговиот украински колега Володомир Зеленски информираше за одлуката на Вашингтон да предаде на Киев воена помош во висина од 800 милиони долари што вклучува хеликоптери, околопни транспортеи и артилерија.

 

 

Back to top button
Close