САД обвинија четири руски војници за извршени воени злосторства во Украина
Четири лица поврзани со руската војска беа денеска обвинети од Министерството за правда на САД за воени злосторства, како измачување, нехуман третман и незаконско затворање на американски државјанин.
Ова е првпат САД да поднесат тужби за воени злосторства против руски воени лица според домашното законодавство а за „грозоморни злосторства против американски државјанин“, изјави јавниот обвинител на САД Мерик Гарланд.
Обвинетите се именувани како Сејранович Мкртчјан, Димитри Будник, Валериј и Назар (со непознати презимиња).
Како што изјавија од министерството, обвнетите наводно испрашувале, тепале и измачувале жртва, се заканувале да ја убијат жртвата и извршиле лажна егзекуција врз неа. Актите се случиле во април 2022 година кога Мкртчјан и војници под негова команда наводно киднапирале Американец од неговото село во јужна Украина и „незаконски го затвориле најмалку десет денови“.
Според обвинението, Мкртчјан и Будник биле командири во единици на руските воени сили, и/или на таканаречената Доњецка народна република, регион во Украина што Русија го смета за свој.
Лицата се обвинето под три воени злосторства и под една точка за заговор за вршење воени злосторства. Ако се осудени се соочуваат со максимална казна затвор доживотно. Тие не се задржани од САД.
-Додека светот е сведок на ужасите на бруталната инвазија на Русија во Украина, тоа го сведочи и Министерството за првада на САД, соопштија оттаму и наведија дека ќе работат „толку колку што е поребно да се бара одговорност и правда за руската воена агресија