САД распишаа потерница од седум милиони долари за информации за апсење на Русин кој ги нарушил санкциите

САД распишаа потерница со награда од седум милиони долари за информации што ќе доведат до апсење и осуда на рускиот државјанин Артјом Александрович Ус а поради учество во меѓународна криминална мрежа и прекршување на санкциите на САД кон Русија.

Суд во Њујорк лани во октомври обвини седуммина под 12 точки. Ус е тужен под четири – завера за измама на орган или агенција на САД, завера за нарушување на Меѓународниот итен закон за економски сили, завера да се изведе банкарска измама и завера за перење пари.

-Ус наводно организирал меѓународна проневера, криумчарење и перење пари делумно и преку „Норд Дојче Индустријанлагенбау“, приватна компанија од Хамбург, Германија.

Се додава дека како сопственици на оваа компанија Ус и ко-заговорник ги прекршиле санкциите на САД спрема Русија вклучително и „незаконски експорт на воена и технологија за двојна намена од САД во Русија, и употреба на финансискиот систем на САД да се спроведе криумчарење на милиони барели нафта од Венецуела.

Back to top button
Close