САД разработуваат програма за изградба на мразокршачи за Арктикот

– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска издаде наредба за разработка на програма за изградба на мразокршачи за зачувување на националните интереси на САД на Арктикот и Антарктикот.

Во наредбата, објавена денеска од Белата куќа, се вели дека програмата треба да вклучи не помалку од три пловила од тешка класа.

-За да се заштитат нашите национални интерес и да се задржи силно арктичкото присуство со нашите сојузници и партнери, на САД им е потребна флота од мразокршачи, да биде спремна, способна и на располагање и целосно функционална и распоредена до фискалната 2029 година, се вели во соопштението.

Back to top button
Close