Само 250 милиони од милијардата од Орбан ќе завршат во приватниот сектор, со другите ќе се покриваат дупките во Буџетот

Финансискиот пакет од една милијарда евра, кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски го најави веднаш по победата на парламентарните избори на 8 мај, идната влада ќе го обезбеди од Унгарија, а ќе се троши за поддршка на ликвидноста на Буџетот поврзана со капиталните проекти.

Ова во интервју за ТВ Сител го откри министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

-Таа една милијарда евра нема да ја земеме наеднаш и нема наеднаш да влезе во економијата. Дел од нејзе ветивме дека ќе ја дадеме на приватниот сектор преку Развојната банка, тоа се 250 милиони евра, а 750 милиони евра ќе останат за поддршка на ликвидноста на Буџетот поврзана со капиталните проекти, прецизира Димитриеска Кочоска.

За кредитот од една милијарда евра што го најави премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе се добие со камата помала од 3 отсто, а доколку се издаде еврообврзница каматата би била над 5,6 отсто

Back to top button
Close