„Само жалам што не сме сите на број“ – емотивна порака од сопругата на Панчо за полуматурата на нивниот син

Полуматурската вечер на Андреја, синот на прерано починатиот музичар Владимир Блажев – Панчо и Маја Блажев, беше исполнета со гордост, но и со емоции поради отсуството на неговиот татко.

По повод завршувањето на основното образование, Маја Блажев на социјалните мрежи сподели фотографија со својот син и му упати трогателна порака.

Screenshot

„Едно поглавје завршено, само жалам што не сме сите на број. Оној најбитниот ни фали, но животот продолжува, сине. Ти посакувам успеси на секое поле, да си жив и здрав, твојот успех е и мој“, напиша таа.

Во продолжение, таа му порача секогаш да остане насмеан, позитивен и човек со големо срце.

„Биди ми секогаш насмеан и позитивен, а пред сè човек со големо срце за секого. Твојата добрина е одлика на нашето воспитување. Те сакам со цело срце, твоја мама“, стои во нејзината објава.

Андреја од есен планира да го продолжи своето образование во ДСУ Спортска академија, во паралелката за фудбал. Изборот е во согласност со неговата голема љубов кон спортот, а Панчо во едно свое интервју своевремено откри дека неговиот син активно тренира фудбал и покажува голем интерес за спортските активности.

И покрај тагата поради загубата на таткото, полуматурската вечер остана посебен и незаборавен момент за Андреја и неговото семејство.

Back to top button
Close