Сара Џесика Паркер бесна – и ги украле тиквите за Ноќта на вештерките
Актерката Сара Џесика Паркер бесно објави дека е ограбена на Ноќта на вештерките и речиси идентично како пред пет години.
Таа е жртва на необична кражба – украдени и се неколку раскошно украсени тикви од тремот на нејзиниот дом во Њујорк вреден 35 милиони долари, пишува „Дејли мејл“.
Според актерката која многумина ја познаваат по улогата на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“, крадците однеле неколку тикви обоени во златна и виолетова боја.
А потоа се огласи на социјалните мрежи:
„Сите наши тикви беа украдени, како и сите други тикви на нашиот блок. Истото се случи на Ноќта на вештерките 2019 година. Мојот сопруг рече: „пристојноста е мртва“. Но, ние ќе ги спасиме нашите тикви, ќе ги најдеме тиквите во последен момент и се надеваме дека овој случај нема да остане на ова“.
И како што можете да видите секоја година на Ноќта на вештерките, актерката го обожава тој празник. Во претходните години таа редовно делеше слатки низ соседството