СДК: Поништено незаконското разрешување на Весна Дамева, со пресуда од управниот суд таа се враќа на претседателското место во судскиот совет

Управниот суд во состав на судијките: Ељмедине Асани, Виолета Богојеска и Имсале Хасани, ја поништи одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседател на Судскиот совет, како незаконска, потврди за САКАМАДАКАЖАМ.МК претседателот на судот Бурим Сејдини.

 

Со оваа пресуда, по која никој нема право на жалба, Дамева се враќа на местото претседател на Судскиот совет, на кое по незаконското разрешување, членовите го избраа Сашко Георгиев.

 

 

Тој сега ќе мора да ѝ го отстапи местото на Дамева, да го доврши претседателскиот мандат, до 2025 година.

 

Тогашниот потпретседател на Судскиот совет Селим Адеми на седница на 26 април поднесе барање за разрешување на претседателката Дамева, поради нарушени човечки односи во Судскиот совет.

Адеми со седум гласа ја разреши Дамева, узурпирајќи го нејзиното место и функција.

Сите домашни и меѓународни фактори кои ја следат работата на Судскиот совет алармираа дека Адеми ја разреши Дамева вон законот, со пуч и без процедура, по што таа поднесе тужба до Управниот суд и кривична пријава до Скопското обвинителство.

По овој скандал, двајца судии си поднесоа оставка на функциите членови на Судскиот совет.

Back to top button
Close