СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, Обвинителството веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески

Во 2:30 по полноќ Народната банка на Србија објави дека ѝ ја одзема дозволата за работа на Алта банка и дека банката од денес е во стечај. Блокирани се сметките на граѓани и компании. Државни компании имаа депозити во банката. Сите што работеа со државата имаа налог да работат со Алта, се вели во соопштението од СДСМ
Со месеци наназад велиме: Алта е банка во сопственост на Александар Вучиќ, криминален капитал, сомнителни потекло.
Со месеци бараме истрага, реакција од Обвинителство, Народна банка, Финансиска полиција.
Молчеа и не преземаа ништо, го штитеа Мицкоски и неговата Организирана криминална група, заедно со сестринската СНС.
Нема бегање сега.
Обвинителството уште денес да преземе сите мерки и да поведе кривични постапки против Христијан Мицкоски, гувернерот на Народната банка на Македонија Славески и сите други што учествуваа во процесите околу Алта банка.
Мицкоски и неговата банда мораат да одговараат за штетата што им ја нанесоа на граѓаните на Македонија и на угледот на државата.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ






