СДСМ да провери како Заеви стасале до сопствеништво во индиска авиокомпанија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од СДСМ утрово преку соопштение прашаа зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет до Будимпешта

Како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании, прашуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) упатија прашање до Владата зошто три дена кријат колку платиле за приватниот лет до Будимпешта.

Во понеделникот и вторникот премиерот Христијан Мицкоски со владина делегација беше во Будимпешта, каде што се одржа втората меѓувладина седница меѓу Северна Македонија и Унгарија.

„Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авиосообраќајот и да спомнува авиолетови. Можеби таа нивна пасија доаѓа од приказните дека нивниот идеолошки гуру Зоран Заев до скоро поседувал акции во една индиска авиокомпанија, која пред кратко време беше продадена, а чии акции можеби сè уште постојат во една од постоечките авиокомпании“,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека ако е точно, од опозициската партија треба да проверат како нивниот сè уште неформален лидер стасал до авиокомпанија во Индија?

„Каква, пак, е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај? Од СДС нека проверат и нека одговорат, ќе ги почекаат. Институциите не треба да чекаат, сигурно работат“,велат од партијата.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, а немаат проблем да патуваат низ Европа со приватни чартер-летови на партиски посети. Веќе трет ден молчат и не откриваат колку чинел летот со приватна компанија, со кој педесетина претставници на Владата и медиуми отпатуваа за Будимпешта“,посочија од опозициската партија.

Јавноста, велат оттаму, чека одговор колку чинеше ова патување.

Back to top button
Close