СДСМ: Лага е дека Венко Филипче не пријавил 5 станови

Од СДСМ реагираат на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за наводно непријавени станови на лидерот на опозициската партија, Венко Филипч.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и дезинформации за претседателот Венко Филипче. Последната лага за наводно непријавени пет станови на Филипче е во серијата глупости кои може да влезат во рубриката „верувале или не“. Потребата по секоја цена да се измисли скандал без притоа да се проверат основните факти за тоа како функционира пријавувањето на имот, потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не планира да се занимава со истрага на криминал, туку со оцрнување и секојдневно заморување на јавноста со лаги, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека Филипче има ист имот и во двата имотни листа, иста квадратура и вредност на имотот.

Филипче нема ни метар квадратен повеќе имот и ВМРО-ДПМНЕ ова го знае, но намерно лаже. Разлика која се појавува е заради начинот на пријавување на имотот во ДКСК. Со новиот начин потребно е да се приложат имотните листови, а не вкупниот имот. Така, становите кои имаат по два имотни листа како споени стамбени единици, сега се прикажуваат како два имоти. Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми опозиција и слободно да го докаже спротивното, додаваат од СДСМ

Back to top button
Close