СДСМ: Нови луѓе на чело на општинските организации во Струмица, Шуто Оризари и Пробиштип

Но, промените не се случуваат само на програмски и политички план. СДСМ паралелно се зајакнува кадровски и организациски, отворајќи простор за нова енергија, нови идеи и нови луѓе.
Во оваа насока, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, донесе одлука за именување нови претседатели на општинските организации во Шуто Оризари, Струмица и Пробиштип.
-За претседател на општинската организација во Струмица е назначен д-р Лазо Манев, специјалист по радиологија, докажан во својата работа и современите дијагностички пристапи за рана детекција на различни заболувања, но и во своите менаџерски способности.
-За претседателка на општинската организација Шуто Оризари е назначена Салија Љатив Петрушевска, докторка, стоматолог, долгогодишна активистика, поранешна директорка на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ – Скопје.
-За претседателката на општинската организација Пробиштип е назначена Весна Ристовска, советничка во Советот на општината, која целото свое работно искуство го поминува во приватниот сектор, долгогодишна активистика и поранешна претседателка на Форумот на жени во Пробиштип.
Станува збор за дел од процесот на кадровско освежување и организациско јакнење на партијата, за уште посилна и поефикасна работа на терен, поблиска комуникација со граѓаните и членовите.






