СДСМ објави видео: Брат на градоначалникот на Гази Баба дивее со „мини купер“, полицијата не го казнува

СДСМ денеска објави видео снимка за која тврди дека е од полициски радар на кој се гледа како братот на градоначалникот на Гази баба, Борче Стефковски, вози со преголема брзина, а при тоа полицијата не го казнува.

– На 20 април во 18.30 часот на булевар Александар Македонски полицијата со радар регистрира возило со преголема брзина далеку над дозволената со „мини купер“ на Далибор Стефковски, брат на градоначалникот на Гази баба, Борче Стефковски, Летал со 88 километри на час, иако дозволената брзина е 50 километри на час

 

Полна му беше устата на Тошковски со празни ветувања дека секој еден ќе одговара. Ако за брат на функционер на ВМРО-ДПМНЕ нема одговорност, што да очекуваат граѓаните за самите повисоки функционери. СДСМ бара истрага за сите инволвирани полициски слубеници, речеБогданка Кузеска, портпаролката на СДСМ.

Од партијата соопштија дека радарската снимка е обезбедена од свиркачи од МВР.

 

 

 

Back to top button
Close