СДСМ: Обвинителот Ало Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

Ништо друго не прави ама затоа врти-сучи Мицкоски постојано му диктира задачи на јавниот обвинител Ненад Ало Савески. Како што му диктираше насоки по телефон, како што му делеше задачи со чувства од собраниската говорница, од телевизија, сега нова наредба од Мицкоски до Ало Савески. На празник, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Трпението му било на крај, вели Мицкоски, во последната скандалозна нарачка.
Има ли некого во земјата повеќе што не му е јасно дека судството и обвинителството во Македонија се под целосна контрола на Мицкоски и неговата организирана криминална група?
Нема. Сите знаат.
Затоа нема правда во Македонија, затоа нема реформи, затоа сме заглавени и со блокиран европски пат.
Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство. Тоа би значело правда и крај на заштитата на криминалците на власт односно одговорност од Мицкоски па се до последниот во неговата криминална организација.
Откако Мицкоски си го избра на функцијата, ало Савески е цело време на линија со Мицкоски кој работи по неговите нарачки.
Мицкоски дава наредби – Савески исполнува.
После овие скандалозни изјави и признанија на Мицкоски, најмалку што може да направи Савески е да си даде оставка, уште денеска





