СДСМ: Седум недели нема документ ниту за водата во Гостивар
Седум недели нема документ ниту за водата во Гостивар ниту за 50 места ширум државата. Поминаа седум недели. Цел еден град, Гостивар беше отруен, над 5.000 граѓани завршија по болници, се наведува во соопштението на СДСМ.

Уште во 50 населени места ширум државата беше објавено дека има небезбедна вода – Гостивар, Крушево, Валандово, Свети Николе, Демир Капија, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево, Порој, Џепчиште, Речица.
И во уште многу други места водата не беше безбедна за пиење. Загадување се појави во четири реки меѓу кои Лепенец и Вардар.
Цела Македонија остана без безбедна вода за пиење. А одговорен – сè уште нема. Ниту еден.
Нема ниту резултат за водата. Не е објавен документ ниту за водата во Гостивар ниту за други населени места. Доста беше молк. Објавете ги документите, граѓаните имаат право да знаат каква вода пијат.
Кој ќе одговара за системско труење на државата?






