СДСМ со реакција до ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е да се обвинуваат САД и „Бехтел“ за корупција
„ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на провизии од кинеските автопати продолжува да се противи на стратешките проекти во државата. Скандалозно и неодговорно, ВМРО-ДПМНЕ, партијата во заложништво на проруската Левица, ги обвинува САД и изведувачот ‘Бехтел’ за корупција“, се наведува во реакцијата на СДСМ
Владејачката СДСМ ги оцени како скандалозни и неодговорни обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за наводна корупција и криминал во врска со договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој треба да ги гради автопатите на дел од коридорите 8 и 10-д.
Опозициската партијата утрово преку писмено соопштение ја повика Владата да го објави во јавност договорот со американско-турскиот конзорциум, обвинувајќи ги премиертот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиерот Артан Груби, кој е и координатор на проектот, дека со договорот предизвикале милионски штети на грбот на граѓаните и државата.
„ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на провизии од кинеските автопати продолжува да се противи на стратешките проекти во државата. Скандалозно и неодговорно, ВМРО-ДПМНЕ, партијата во заложништво на проруската Левица, ги обвинува САД и изведувачот ‘Бехтел’ за корупција“се наведува во реакцијата на СДСМ. Од Бихаќка повторуваат дека изградбата на делниците од коридорите 8 и 10-д е историски најголема инвестиција во патната инфраструктура за што се зборувало со децении, а денес се реализира во интерес на граѓаните и државата.
„Додека СДСМ и државата инвестира во капитални, стратешки проекти, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска партија, која останува симбол на корупција и криминал“велат од владејачката партија.
Од опозиската партија, пак продолжуваат со обвинувањата кон власта дека со договорот се обврзала доколку не биде воведена 60-часовна работна недела за работниците кои ќе работат на автопатиштата државата ќе треба да исплати штети од од околу 200 милиони евра.
„Секоја приватна компанија сака да го максимализира профитот, а секоја Влада треба да го штити интересот на народот и државните финансии. За жал тоа не е случај со оваа власт на Ковачевски и Груби. Тие одат против Уставот, против Уставниот суд, против законите, против граѓаните, против се, само на сила да го направат тоа што го намислиле на грбот и преку џебот на народот. За ова мора и ќе одговараат“,порачуваат од опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ: Со криењето на договорот со „Бехтел и Енка“ Ковачевски и Груби признаваат дека направиле штета на граѓаните и државата
Инаку, контроверзите со договорот меѓу Владата и американско-турскиот конзорциум, како и предлог-измените на осум Закони поврзани со изградбата на дел до коридорите 8 и 10-д, кои се во собраниска процедура, продолжуваат да ја брануваат јавноста.
Сепак, договорот, како што беше презентирано од владините претставници, на брифингот со новинарите, е класифицира, односно има ознака „доверливо“ и нема да биде презентиран во јавноста.
Владата го класифицира историскиот договор за автопатите со „Бехтел и Енка“, нема да ѝ биде даден на јавноста