СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот извор на лажни вести, „Форбс“ не направил листа на најбезбедни земји во светот во време на пандемија

Скопје, 9 јуни 2020 

Секој ден нова лага. ВМРО-ДПМНЕ со право го носи епитетот извор на лажни вести. Не само што измислува свои лаги, оваа партија се обидува да манипулира и со туѓи нерелевантни информации.

Медиумски анализи покажуваат дека наводната листа на „Форбс“ за најбезбедни земји во светот во време на пандемијата на коронавирусот воопшто не е на реномираниот магазин „Форбс“.

Обидите за манипулација на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода, со оглед на тоа дека во јавноста веќе излезе информацијата дека рангирањето е направено од компанијата Дип ноулиџ груп (Deep Knowledge group), а „Форбс“ само ја пренесува. Критики за оваа листа на компанијата стигнаа од цел свет, со оглед на тоа дека воопшто не е наведена методологијата на рангирање, а од страна на компанијата е наведено дека користени се јавно достапни информации и дека не презема одговорност за точноста на истата.

Интересно е тоа што оваа листа е објавена уште во април и оттогаш до сега објавени се бројни текстови и анализи со сомнежи за релевантноста на анализата и точноста на податоците.

Обидите на ВМРО-ДПМНЕ за рециклажа на стари и веќе пробиени вести, категоризирани како сомнителни, се знак дека оваа партија е западната во голем очај.

Вистината е многу јасна. Додека сите се борат со последиците од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ се борат да објават што повеќе лажни вести. За таквото однесување ќе бидат жестоко казнети од граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста – СДСМ

Back to top button
Close