Се лажат луѓе дека аутизам се лечи со матични клетки во Турција, има цели фирми кои работат против пациентите, сведочи д-р Лазаров
Доктор Ненад Лазаров, во подкастот „Претрес со Ландов“ кажа дека не може да се лекува аутизам со матични клетки во Турција и дека тоа е измама. Посочи јасно дека организации дозволуваат собирање пари, давајќи им лажна надеж на родителите.
„”Лечење” аутизам кај деца со матични клетки во Турција е измама, всушност било која изјава со терминот “лечење” на аутизам е спорна. Повикување на донации за ИТНО “лечење” на аутизам кај деца, од каков и да е вид е исто така измама, класична злоупотреба на хумани луѓе кои донираат. Доминантен дел од повиците за лекување деца во Турција се однесува на матични клетки за аутизам, затоа и намерно во повиците родителите не го пишуваат тоа зошто се повеќе луѓе се информирани за матични клетки и нема да донираат!“, напиша и сега доктор Лазаров.
„Се лажат луѓе за матични клетки на аутизам. Не постои ниеден сучај на излечен аутизам во светот, прво не е болест. 20.000 евра чини еден циклус. Минимум се препорачани 4. Во Турција. Зошто само таму го има тоа? Има цели фирми кои работат против пациентите“, рече Лазаров во поткастот.