Се моли Софија да не им отежнува на овдешните Бугари

Не би можел да погодам колку Бугари живеат во Македонија, бидејќи тоа, за мојата повоена генерација, никогаш не била никаква значајна тема во македонската општествена и политичка реалност. Но, колку и да се – бугарските политичари им прават ужасно лоша услуга.

Вакво политичко злоупотребување на некоја група на граѓани во соседна земја за најординарни предизборни валкани цели, како ова во трката за власт во Бугарија, никому нема ништо добро да му донесе, а најмалку на нашите сограѓани, овдешните Бугари. Бидејќи, овој низ од провокации на кои сме изложени со месеци наназад од Софија на оваа тема, на крајот, ќе создаде вистински одиум и реални непријатности за оние кои имаат бугарски чувства во земјава.

Дополнително, не разбирам како може бугарскиот претседател Радев прашањето да го издига на ниво на проблем за бугарската национална безбедност (!), а истовремено едно од најистакнатите барања што се испорачуваат од Бугарија кон Македонија е ние да потпишеме врвни државни гаранции (што веќе сме го декларирале, дури и во Уставот, како официјална политика на земјата) дека нема да се мешаме во бугарската внатрешна политика околу статусот и барањата на Македонците во Бугарија? Ако се правата на Македонците во Бугарија – што, патем, не можат да си ги остварат, оверено со низа пресуди од Европскиот суд за човекови права против Република Бугарија – тамошна внатрешна работа, зошто би биле статусот и правата на Бугарите во Македонија предмет на непристојно занимавање на бугарската политика?

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close