Се прават законски измени за изградба на дата центри

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што ќе се овозможи изградба на Дата центри во земјава што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП.

– Со развој на вештачката интелегенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачка интелегенција, Дата центрите стануваат нивна неопходност и поддршка. Македонија тука треба да води паметна политика и да привлече инвеститори кои ќе инвестираат во големи Дата центри. За да го овозможиме тоа потребни се законски измени за урбанизирање вакви центри и начин на нивна градба. Планираме да се направи тоа централизирано и во рамки на Владата да се води целиот процес со цел кога ќе доаѓаат потенцијалните инвеститори да имаат веќе спремни локации и проекти на кои ќе можат да инвестираат. Тоа ќе значи стотици милиони евра за Македонија нови вработувања и раст на БДП. За таа цел правиме измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење кои се во финална фаза со кои што овозможуваме Дата центри да се градат во Македонија на организиранначин и тоа да значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП и да ги следиме светските трендови во развојот на вештачката интелегенција, појаснува вицепремиерот Николоски.

Извор: nezavisen.mk 

Back to top button
Close