Се соблекол во Центар за социјални работи и се заканувал на вработена!

Неготинецот Л.Ф. (50) во вторникот бил лишен од слобода, откако во Центар за социјални работи упатил закани кон една од вработените и се соблекол пред неа.

Како што информираат од СВР Велес, тој веднаш по настанот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Неготино.

-Лицето беше приведено во Полициска станица Неготино, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – известија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Повеќе

Back to top button
Close