Седницата на Европскиот парламент почна со едноминутно молчење за жртвите во масовните убиства во Србија


Денешната пленарна седница на Европскиот парламент (ЕП) почна со едноминутно молчење за жртвите од минатонеделните масовни убиства во Србија.

Претседателката на Парламентот, Роберта Мецола, како што јавуваат српските медиуми, на почетокот на седницата упатила сочувство до семејствата и пријателите на загинатите, а на повредените им посакала брзо закрепнување.„Нашите мисли се со вас“,
рекла Мецола.

Минатата недела во Србија се случија две масовни убиства во кои загинаа вкупно 17 лица.

Првото убиство се случи на 3 мај кога 13-годишен ученик уби осум соученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Во нападот се повредени уште шест ученици и наставничка.

Еден ден подоцна, на 4 мај, се случи вториот масовен напад во кој 21-годишен напаѓач усмрти осум лица, а рани 14 во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац.

Пратеникот во Европскиот парламент и известувач за Србија, Владимир Билчик, поднесе устен амандман на извештајот за Србија, во кој се осудуваат масовните убиства.

Back to top button
Close