Сега Русија е опасност по целиот свет!

На 24 јуни во Москва беше прогласена вонредна состојба откако силите на Вагнер со парола „Марш на прадата“ без отпор заземаа неколку града во Русија и напредуваа кон Москва, рушејќи неколку авиони и хеликоптери со десетина пилоти загинати.

Леснотијата на нивно напредување кон Москва, просто збуни многу Руси! Дополнително што Путин претпладне бунтовниците ги нарече „предавници што му забиле нож во грб“, а попладне кажа ги помилувал! И сега многу Руси оправдано мислат дека нивниот лидер ја нема контролата врз државата.

Путин, во таква тешка ситуација не добил поддршка ниту од политички партии, ниту од војска, ниту од олигарси, дури ниту од безбедносните служби! Изгледа пеколот е најдобра награда за тие што работеле со ѓаволот. Додека бунтовниците се приближија до Москва без никаков отпор, мал број сили верни на Путин подготвуваа одбрана на главниот град. По неколку часа, владин портпрол кажа дека бунтовниците се откажа од нивната намера и ќе нема обвиненија! Државната пропаганда тоа го прикажувала како чин на добра воља на Путин со цел да се избегне крвопролевањето!

Пригожин, кого очигледно популарноста го удрил по глава, одамно бил во војна со владиниот воен врв – министерот за одбрана Шојгу и шефот на воениот штаб Герасимов, кои ги сметал за неспособни. Индиректно тој го напаѓаше и Путин. Самиот Пригожин го поддржувал Суровикин, командантот на воздушните сили, кој фактички бил третата личност по команда во Русија. Поради континуирани потпалувачки напади на Пригожин кон Шојгу и Герасимов, двајцата стана омразени ликови кај руската јавност. Цело време се вршел притисок кај Путин да ги смени за да се авансира Суровикин.
Тиквата меѓу нив пукна кога била донесена одлуката за повлекување од западниот брег на реката Днепар во јужниот украински регион Керсон, поради страв дека руските сили ќе бидат уништени доколку Украинците ќе го бомбардирале тамошниот мост. Неколку дена подоцна на Суровикин, кој дотогаш бил командант на руските сили во јужна Украина, му беше дадена целосна команда во Украина. Интересно што молкот на Кремљ за таквиве напади кон воениот врз го охрабри Пригожин до тој степен што тој почна самиот да ги казни воените офицери што сметал дека го саботираат. Борците на Вагнер го фатија командантот на 72-та моторизирана бригада, потполковникот Роман Веневитин, и го натераа на видео-изјава да признае дека тој им наредил на своите војници да пукаат врз конвојот на Вагнер!

Кој е Пригожин?

Пригожин е путинова креација талентиран за хаос, со оргромна колекција ножеви во грб. Тој самиот му дозволи да основа платеничката група Вагнер за да служи во различните странски авантури на Кремљ, како дел од руската геополитичка и експанзионистичка агенда на Блискиот Исток и Африка. Значи, самиот Путин ги „хранеше“ големите амбиции на Пригожин. Во 2017 година, додека командантот на руската област Уштарак Линдор бил испратен кај силите распоредени во Сирија за да му помогнат на претседателот Башар ал Асад, таму неговиот човек Суровикин играл клучна улога.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека таквите структури убиле околу 5.700 цивили.
Но, сега кога Пригожин го организираше бунтот против Кремљ, Суровикин очигледно под присила со видео јавно го повикувал Пригожин да се повлече. Тогаш вагнеровците сфатија дека бунтот е пропаднат.

Имиџот на Путин се распаѓа!
Путин слабо се спротиставувал на бунтот, а тоа го прави слаб во очите на јавноста. Нему сега му потонуваат бродовите во плитки води. Како кула од карти се срушел неговиот имиџот на паметен мачомен, непогрешен, уникатен и одговорен моќник. Со години, руските медиуми директно го дале како Путин ги собира олигарсите и им дава „задачи за развој на земјата“. А сега во него гледале гола вода! Дури и безбедносните служби, му затаиле во поддршката. Тоа е сериозен знак дека главните столбови на власта веќе попуштаат. Бунтовници со невидена леснотија заземаа градови касарни и скоро непопречено се движеа кон Кремљ! Путин одамно ја има изгубено поддршката кај олигарсите, оти нивните бизниси ослабнеле или пропаднале од секакви запленуања, конфискации или губење пазари. „Сургутенефтегас“, еден од најголемите руски производители на нафта во светот, сега тешко наоѓа купувачи и тоа за ефтина цена. Бројни трансакции имаат проблеми поради SWIFT-системот. Таму веќе не се магнатите „BP“, „Shell“ и „ExxonMobil“, ниту фнацуската „TotalEnergies“ кои правеле милјарди долари бизниси. За важни електронски производи веќе недостасуваат чипови. Така што, многу млади Руси, најмногу патриотски што можете да направат за сојата земја е да се одрекнат од неа! Свесни се дека не треба да се бара среќата таму каде што е загубена.
Русија сега има проблеми и со федералните единки, кај што постои незадоволство поради сиромаштија и мобилизација, оти Путин ги поштедува Русите од страв за бунт. Целиот исток на Руската Федерација врие од незадоволство и таму луѓето се плашат да бидат нормални. Тие веќе почна да сфаќаат дека слободата не се подарува туку се освојува. Но, и во близина не е сјајно, дури ниту во Чеченија на Кадиров, ниту во Ингушија. Во Бачкортостан, населена со Татари се бара независност. Се ова наликуа на една поучна приказна која раскажува за човек кој сакал да ја помине реката, па прашал: „Се влегува ли во оваа река“? „Да, секако“ – му одговорил мештанот!. Но, кога тој почна да се дави почна да го преколнува оној што го излажел!.„Па ти не ме праша дали се излегува од реката“! – му одговори мештанот. Изгледа така бил излажен Путин кога ја започнал војната со Украина.

Путин има отпуштено голем број високи функционери оти никому веќе не верува. Довербата кај генералите ги третира како некој меч, со кој не знае дали ќе го заштитат или ќе те убијат! Врнот на армијата од бројни причини е незадоволен! Во обезбедувањето на Путин перманентно се менуваат луѓе. Довербата е загубена и кај двете негови елитни единици „Таман“ и гардата „Кантемиров“, кои беа главна алка за контрола на армијата. Башка граѓанското незадоволство поради падот на животниот стандард и големите жртви од војната. Русите имаат добро искуство со револуциите. Но, и да дојде до смена, познато е дека секоја револуција кај нив првин го јаде својот татко, а потоа и синовите! Русија со или без Путин влегува во многу опасни води.
Белорусија веќе не знае што прави. Светот е во голема опасност оти лесно терористи може да дојдат до атомските шифри. На светот ќе му треба многу среќа.

Мерсел Билали

Back to top button
Close