Селена Гомез објави емотивно видео за имиграциските рации, кандидат за Сенат возврати: „Депортирајте ја!“

Познатата музичарка и актерка Селена Гомез вчера објави емотивно видео во кое зборува за депортациите кои се случуваат во САД.

Гомез има мексиканско потекло, а во видеото со солзи на очите изразува загриженост за сите семејства кои се афектирани од имиграциските рации. Минатот викенд, беа уапсени 956 лица за само три дена.

„Толку ми е жал. Мојот народ е нападнат. Децата… Не разбирам. Толку ми е жал, посакувам да можам да направам нешто, но не можам“, вели таа во видеото.

Таа доби критики од јавноста, а некои дури направија и пародии од видеото. По неколку часа Гомез ја отстрани содржината и објави текст во кој кажа дека „Очигледно, денес не е во ред да покажеш емпатија“.

Еден од критичарите на Гомез е и кандидатот за Сенат, Сем Паркер, кој на објава на социјалните мрежи изјави: „Депортирајте ја Селена Гомез“. Паркер е близок соработник на Трамп, а по неговата објава Гомез му возврати: „О господине Паркер, ви благодарам за смеата и заканата“.

Селена Гомез е еден од најгласните подржувачи на правата на мигрантите, водејќи се по тоа дека САД е земја изградена од луѓе од други земји:

„Разбирам дека системот е несовршен и дека ни се потребни правила, но мораме да се потсетиме дека нашата земја е формирана од луѓе кои дошле тука од други места“, изјави таа. (Independant)

 

Back to top button
Close