Семејно наддавање за становите на Мијалков

Три од четирите понудувачи за становите на Водно се поврзани со Мијалкови

Не се откриваа информации кој го купил овој имот сè до јануари, кога врз основа на документите добиени на наше барање од Агенцијата, БИРН откри дека становите останале во семејството, односно трите стана и гаража на Водно ги купила „Бест беј инвестмент“, фирмата на Јордан Мијалков, инаку син на осудениот поранешен шеф на УБК, пренесе Призма.

Последните информации, пак, до кои дојдовме, покажуваат дека и другите понудувачи биле поврзани со ова семејство.

Според документите, кои на барање на БИРН ни беа доставени од Агенцијата за управување со одземен имот, освен фирмата „Бест веј инвестмент“ на Јордан Мијалков, која победи на јавното наддавање, во конкуренција биле и фирма-ќерка на Бест веј – „Омпетрол оил“, но и свеската на Мијалков помладиот, Александра-Бела Белчева. За четвртиот наддавач, БИРН не најде поврзаност со семејството на Мијалков.

Станува збор за втората транша од продажбата на конфисуваниот имот на поранешниот шеф на УБК, кога беа огласени три стана и една гаража на Водно, на улицата Славејко Арсов, каде што е и семејниот дом на Мијалкови.

…

повеќе

Back to top button
Close